Понудени 53 концесии за минерални суровини

Bez autora
Nov 14 2013

Владата на Република Македонија донесе одлука за објавување шест јавни повици за доделување концесии за детаљни геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини на 53 локалитети во речиси сите општини. Доделувањето на концесиите првпат ќе биде на електронска аукција. Од понудените локалитети, 50 ќе бидат за детаљни геолошки истражувања на минерални суровини, од кои осум за метални, 30 за неметални, и по шест за украсни камења и минерални и геотермални води, а само три ќе бидат за експлоатација на минерални суровини и тоа една за метали и две за минерална и термоминерална вода. Јавните повици ќе бидат објавени во дневните весници, а понудите ќе може да се достават до 10 часот на 18 декември годинава.

Понудени 53 концесии за минерални суровиниВладата на Република Македонија донесе одлука за објавување шест јавни повици за доделување концесии за детаљни геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини на 53 локалитети во речиси сите општини. Доделувањето на концесиите првпат ќе биде на електронска аукција.

Од понудените локалитети, 50 ќе бидат за детаљни геолошки истражувања на минерални суровини, од кои осум за метални, 30 за неметални, и по шест за украсни камења и минерални и геотермални води, а само три ќе бидат за експлоатација на минерални суровини и тоа една за метали и две за минерална и термоминерална вода. Јавните повици ќе бидат објавени во дневните весници, а понудите ќе може да се достават до 10 часот на 18 декември годинава.

Според министерот за економија Ваљон Сарачини, на сите пријавени на јавниот повик ќе им бидат потребни две-три години за да ги завршат истражувањата, а потоа да аплицираат за експлоатација.

- За секоја локација е потребно да се отворат минимум две-три нови работни места, што значи дека за сите локации ќе се отворат од 100 до 150 нови работни места. Тоа што локациите се распоредени на речиси целата територија на Македонија сметаме дека ќе придонесе за дополнителен економски развој на локалната и на националната економија - рече Сарачини.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik